Што се еко пелени?

Еко пелените се пелени за повеќекратна употреба, кои обезбедуваат пријатност и удобност на кожата на вашето бебенце без да предизвикаат несакани алергии, осип и сл. Тие се изработени од надворешен водоотпорен слој кој пропушта воздух, а внатрешноста е составена од мек материјал со џеб во кој се вметнуваат апсорбирачи (платки) кои можат да бидат изработени од повеќе материјали како што се микрофибер-целулозна ткаенина, бамбусова ткаенина, памучна ткаенина и сл.

Тие се 100% безбедни за вашите најмили и се супер едноставни за употреба исто како и еднократните пелени. Но, наместо да ви ја полнат кантата за отпадоци ќе ви ја полнат кантата за перење на алишта, каде во зависност од количината која ќе ја имате се перат секој втор или трет ден.

Во модулот процес на перење е објаснет цел процес на перење и тука на овој веб сајт ќе ги најдете сите насоки како да користите пелени за повеќекратна употреба на брз, забавен и едноставен начин. Притоа да не ви одземе многу време и енергија, а сепак вашето бебе да има модерни и еколошки пелени.

Тие се подобри за животната средина

Според истражувањата направени од страна на Агенцијата за заштита на животната средина во САД, пелените за еднократна употреба се третиот најчест производ кој ја загадува нашата животна средина и се трупа во нашите депонии со години. Притоа не се распаѓа повеќе од 500 години. Урината и изметот кој се наоѓаат во пелените не се третира и допринесува до загадување на подземните води. Едно бебе кое користи пелени за еднократна употреба ќе придонесе најмалку еден тон отпад на една локална депонија! Тој податок е доста сериозен и опасен за идните наши генерации и тое е една од најголемите причини за родителите кои користат пелени кои се еколошки и изработени од природни материјали.

Зошто да ги користите?

Според заводот за статистика на РМ во Македонија годишно се раѓаат 23.000 новороденчиња. Секое од нив во просек дневно троши по 9 пелени, што значи дека за еден ден ќе се потрошат 207.000 пелени. За тие новороденчиња за период од една година ќе бидат искористени преку 75.555.000 пелени.

Замислете колку многу отпад произлегува само од пелените за еднократна употреба без притоа да се рециклира на нашите површини. Ја загадува нашата животна средина и потребни се повеќе од 500 години за да се рециклира. Колку е поголем бројот на корисници на еднократни пелени толку поголем ќе биде и бројот на пелени кои ја загадуваат нашата средина.

Тие се поздрави за вашето бебе

Тоа што треба да биде од сериозна грижа за сите родители се токсичните хемикалии присутни во пелените за еднократна употреба. Диоксинот, кој во различни форми се покажа како причина што предизвикува рак, оштетување на црниот дроб, кожни болести и генетско оштетување, е нуспроизвод на процесот на белење на хартија што се користи во производството на пелени за еднократна употреба. Агенцијата за заштита на животната средина наведува дека диоксинот е најтоксичен вид на хемикалија која може да предизвика рак и други потешки заболувања. Пелените за еднократна употреба содржат Tributyl-tin (TBT) – токсичен загадувач за кој се знае дека предизвикува хормонски проблеми кај луѓето и животните.. Ако сте забележале гелни кристали кои имаат супер апсорбирачка моќ во еднократните пелени тоа е хемискиот состав на натриум поликрилат.

Направени се студии каде се покажува дека хемиските емисии кои се наоѓаат во пелените за еднократна употреба може да предизвикаат проблеми со дишењето кај децата. Од друга страна пак пелените за повеќекратна употреба се безбедни и не содржат хемикалии кои би можеле потенцијално да наштетат на вашето бебенце. Вие сте тие што одлучувате што е најбезбедно и најудобно за вашите бебиња.

Имате избор – одберете го најдоброто!

Многу родители ширум светот наведуваат три клучни причини за користење на еко пелените.

Првата причина е бидејќи тие се економични на долг рок. Доколку правилно ги користите и ги следите инструкциите за одржување на еко пелените, вие можете да ги употребувате неколку години за неколку бебиња, со што ви се крати финансискиот буџет на долг рок.

Втората причина е бидејќи не ја уништуваат животната средина, односно се “eco friendly”.

Третата причина е што еко пелените ја заштитуваат бебешката кожа и и даваат простор да дише.

Бенефити за бебето од користење на еко пелени

Широк повој: Се додека трае развивањето на колковите добро е бебето да биде широко повиено. Бебето се повива така што колковите се раширени во таканаречена „жабја положба“. Нашите пелени се одобрени од ортопеди и педијатри кои ги препорачуваат да се користат како превентива кај здравите колкови за да им се овозможи правилен раст и развој.

Пеленски осип: Бебешката кожа е многу чувствителна и кога е обвиена со неприродни материјали во кои кожата не може да дише, се јавува црвенило и осип во тој предел. Еко пелените помагаат во периодот на лечење на пеленскиот осип, бидејќи во нив доколку се менуваат често, кожата на бебето ќе биде помалку изложена на влага и кожата е обвиена со природен материјал кој и одговара на нежната бебешка кожа.

Кожни заболувања: Прво кожно заболување кое се појавува кај бебињата е пеленскиот дерматитис. Кожата во тој предел на бебето е најчувствителна. За да не дојде до несакани последици во тој предел најдобро е да користите еко пелени кои се наменети да им се спротистават на кожните заболувања во тој предел.
Превентивата е поважна од лекувањето. Кожните болести се упорни, лекувањето обично е долготрајно. Со правилна хигиена и платнени еко пелени бебешката кожа нема да биде подложна на кожни заболувања.

Без разлика дали би ги користеле поради тоа што вашето дете има алергии, црвенила и осип или пак од мода и забава или од еколошки причини, нашите пелени имаат се што барате. Сертифицирани и одобрени на интернационално ниво како и одобрени од многу мајки и бебенца ширум светот. И дали напоменавме колку слатко изгледа вашето бебе во нашите уникатни и забавни принтови?

Џебните еко пелени се  брзи и едноставни за употреба, направени по најнова технологија која со правилно користење не дозволуваат пропусливост и ја олеснуваат работата на родителите.

Вашето менување на пелени ќе ви стане поинтересно и позабавно.

Пробајте и уверете се!!! Вашето бебе  ќе ви биде благодарно, но и вие ќе се чувствувате многу подобро бидејќи нема да ја загадувате животната средина со пластични еднократни пелени.

Од која тежина можат да се користат ЕКО Пелените за бебенцата?

Еко Пелените можат да се користат од самото раѓање на бебенцето (3-3.5 килограми), па се додека не направи 15+ килограми. Нашите пелени доаѓаат во една величина и растат заедно со вашето бебенце. Секое бебе е различно во тежина и големина, така што еко пелените се приспособуваат со помош на нитни кои се сошиени на надворешноста на пелената.

Наша мисија е да обезбедиме за Вас и вашите бебиња најквалитетни еколошки пелени достапни на пазарот.

Ние се стремиме да го третираме секој клиент како семејство и заедно да бидеме горди во градењето на нашата земја во поздраво и посреќно место, во која ќе израснеме и одгледаме здрави идни генерации.