Начин на одржување на Еко Пелените:

За перење на пелените ви е потребен прашок и не се препорачува течен детергент. Ариел и Персил сензитив се одобрени за Европскиот пазар бидејќи не предизвикуваат црвенила на кожата. Бидејќи имаме тврда вода потребно е да користиме Калгон прашок за омекнување. Не се препорачува наместо Калгон, да се користи сода бикарбона или оцет. Омекнувачи и белила не се користат, ниту пак детски прашоци кои во хемискиот состав содржат омекнувачи.
Пред употреба ги вадите апсорбирачите од џебовите од пелената, и секој пат кога ќе ги перете треба да ги вадите, за подобро да се исплакнат.
Перете на 40 степени на heavy wash или 2h перење.

Доколку ги користите наместо еднократни пелени постапката на перење е следната:

  • Мајчиното млеко е растворливо во вода, така што нема потреба пелените да се плакнат. Валканата пелена, само ја ставате во водоотпорна торба до моментот кога ќе сакате да ги перете во машина и потоа ги перете без рачно плакнење.
  • Адаптираното млеко како и дохраната не се растворливи во вода, така што пред да се стават во водоотпорната торба и пред перење, треба да се исплакнат со млаз вода. Плакнењето на каките може да го направите во некоја стара кофа со силен млаз на туш или со шпатула врз вц шолја за да ви биде полесно.
  • Прво ќе ги перете со најбрзата опција за перење (quick wash) со 30 грама Калгон и малку прашок. Откако ќе заврши пола часовната програма на перење, ја пуштате најдолгата опција за перење (heavy wash) ставате прашок и 65грама Калгон.
  • И во двете перења прашокот и омекнувачот на вода го ставате внатре во барабанот.
  • Перете на 40 степени, со spin 1000.
  • Откако ќе бидат готови пелените и апсорбирачите, како и памучните марамици, ги вадите веднаш од машината ги пружите на жица.
  • Не се препорачува сушење во машина за алишта, бидејќи може да попушти ластикот на пелената, но доколку сакате можете да ги сушите на слаба температура.
  • Препорачливо е сушење на пелените надвор или во затворена просторија, но не врз грејно тело.
  • Доколку ги користите само за широк повој и врз памперси или облека, ги перете само на најбрзата опција по истиот принцип.
  • Треба да се остави простор во барабанот, за да можат убаво да се исплакнат, за да немате проблеми со дамки.
  • Доколку имате проблем со дамки, навлажнете ги и ставете ги на сончева светлина. За неколку часа ќе дамката ќе исчезне.
  • Кога се користат еко пелените, на бебето не се нанесуваат креми кои содржат петролеум и цинк, бидејќи можат да го уништат квалитетот на пелената.

Идеално масло за кожата на бебето како и за еко пелените е органското нерафинирано кокосово масло.

Што да користиме наместо заштитни креми и влажни марамици после менување на пелената?

Доколку користите еко пелени пожелно е да користите  памучни марамици со кои ќе можете да го бришете бебешкото газе после менување на пелената.

Во влажните марамици има дури 25 хемиски состојки, не се биоразградливи, се користат за една употреба, поскапа варијанта се и не се добри ниту природни за да ги користите за најчувствителниот дел на вашето бебенце.

Поради овие факти, ви препорачуваме да користите фланел памучни марамици кои се за повеќекратна употреба, не зафаќаат простор, меки се и природни,  поекономични и се перат заедно со еко пелените.

Бидејќи фланел марамчиња се суви, мора прво да се навлажнат. Најдобро е да ги навлажните со вода и потоа да нанесете органско кокосово масло.

Тука ќе ви дадеме неколку интересни идеи за раствори, кои се безбедни и пријатни за бебешката кожа:

Раствор со кокосово масло

1 лажица растопено нерафинирано кокосово масло
2 лажици бебешки нежен течен сапун
2 шољи дестилирана, филтрирана или пак превриена вода

Во овој раствор можете да додадете  неколку капки масло од лаванда.

Раствор со масло од гроздови семки

2 шољи вода
1 супена лажица масло од гроздови семки
2 супени лажици бебешки течен сапун или гел
2 капки масло од чајно дрво

Раствор од екстрат од невен

2 шољи дестилирана, филтрирана или превриена вода
1 супена лажица бебешко масло
1 лажичка масло од невен или екстрат од невен
1 лажица бебешки течен сапун или гел
2 капки масло од лаванда
2 капки масло од чајно дрво

Важни информации!

  • Не употребувајте омекнувачи или други видови на јаки детергенти, бидејќи ќе го уништат квалитетот на пелената и ќе предизвикаат црвенило и осип кај бебенцето. Persil Sensitive (прашок) и Ариел (прашок) се одобрени за употреба во Европа.
  • Кремите не се препорачани доколку се користат еко пелените. Можат да го уништат природниот слој и влакна на пелената и платките и со тоа да се намали нивната апсорбција. Кога би морале да користите некоја крема која не е на природна база и содржи цинк оксид и петролеум, секогаш треба да користите заштитна хартија односно, биоразградлива подлога која се става врз пелената над џебот.
  • Не се препорачува користење на сода бикарбона и бел оцет бидејќи може да им наштети на пелените.
  • Не користете белила или средства за белење на пелените, бидејќи го намалува животниот век на пелените. Најдобро средство за белење е сонцето! Средство за белење можете да користите во екстремни случаи, доколку сакате да ги употребувате пелените на друго бебе или пак вашето бебе има некоја бактерија и сл.
  • Еко пелените не смеат да се пеглаат ниту пак апсорбирачките ткаенини од микрофибер и бамбус, така може само да ги уништите.
  • Тврдата вода има многу минерали како калциум и магнезиум. Овие минерали доколку не се исперат правилно, може да се залепат на материјалот и да предизвикаат проблем со миризба. Затоа секогаш користете Калгон омекнувач за вода.
  • Еко Пелените не се пеглаат и брзо се сушат.

Наша мисија е да обезбедиме за Вас и вашите бебиња најквалитетни еколошки пелени достапни на пазарот.

Ние се стремиме да го третираме секој клиент како семејство и заедно да бидеме горди во градењето на нашата земја во поздраво и посреќно место, во која ќе израснеме и одгледаме здрави идни генерации.