Водоотпорни торби за пелени

Тие се создадени за да ја задржат влагата и миризбата од надворешната средина. Со помош на патент тие претставуваат практични водоотпорни торбички кои се одлични за чување на валкани пелени, лигавчиња, марамчиња, влажна облека и многу повеќе! Доаѓаат во три големини. Мали, средни и големи. Малите и средни торбички имаат еден патент и можете да ги користите или за влажни или само за суви работи, додека пак големите торби имаат два дела. Во првиот дел можете да ставите влажна облека пелена и сл., додека пак во другиот дел можете да ставите сува облека, мобилен и сл. Одвоени се со два посебни патенти. Не пропуштаат миризба и се перат заедно со пелените. Исто така можат да се користат како торби за на плажа каде малата торбичка би ја користеле за заштита на вашиот телефон, за влошките за гради и сл. Средната и големата можете да ги користите за влажната облека и купаќи, како и за валканите пелени и гаќички на вашите најмили.

Апсорбирачи

Апсорбирач од микрофибер

Микрофиберот е изработен од апсорбирачки материјал, односно составот е 80% полиестер и 20% полиамид. Овие платки или подлоги врз основа на нано технологијата имаат супер апсорбирачки карактеристики каде што можат да задржат влажност од 4 до 6 часа со што  се намалува можноста за развој на бактерии, а со тоа има и помал ризик од иритација. Микрофиберот не треба да дојде во контакт со кожата на бебето бидејќи брзо впиваат и се сушат и можат да доведат до иритација на кожата на бебето. Затоа се поставуваат внатрешно во пелената.

Подготовка за користење: Апсорбирачите од микрофибер не бараат посебна подготовка бидејќи не содржат никакви масла што би требало да се исперат. Би требало само пред употреба да се исперат. Микрофиберот се суши многу брзо во машина за сушење на алишта (ниска температура 10минути) или пак на жица за сушење.

Како да ги користите: Апсорбирачите од микрофибер не смеете никогаш да ги поставите директно врз кожата на вашето бебе бидејќи овие подлоги впиваат многу течност и кога ќе се постават директно врз кожата на бебето тие ќе ја повлечат влагата надвор од кожата предизвикувајќи црвенило и осип. Затоа е тотално безбедно кога платките од микрофибер се поставени како што доаѓаат со еко пелените, односно внатрешно во џебовите на пелената.

Апсорбирач од природни бамбусови влакна

Бамбусот е високо апсорбирачка ткаенина направена од природни влакна. Со тек на перење на овие платки, бамбусот станува се помек и помек и многу повеќе апсорбира отколку првите неколку користења. Овој материјал е анибактериски и антиалергиски и може да се комбинира заедно со микрофибер инсертите, така би имало најголем впивачки ефект врз пелените.

Подготовка за користење: Подлогите односно платките кои што се направени од природни влакна содржат природни масла. Поради ова препорачливо е да се исперат најмалку 4 пати одвоено со мала количина на слаб детергент (Persil Sensitive) и врела вода за да излезат сите потенцијални масла од нив и да ја задржат нивната конзистенција. Колку повеќе се перат апсорбирачите од бамбус, толку повеќе ќе апсорбираат во иднина.
Еко пелените како и бамбусот немаат потреба од додавање на омекнувач за алишта бидејќи јаките детергенти и омекнувачи ќе го намалат нивниот квалитет и рок на употреба.

Како да ги користите: Платките од бамбус може да ги ставите внатрешно, односно во џебовите на пелените или пак надворешно врз џебот на пелената. За најдобар ефект на апсорбција најдобро е во џебот да имате поставено две микрофибер платки, а надворешно една платка од бамбус. Бамбусот нема опасност врз кожата на вашето бебе, напротив ја прави мека и нежна и не предизвикува иритација бидејќи е антибактериска подлога.

Памучни тетра пелени

Памукот е еден од најстарите и најпознатите природни материјали со кои се изработуваат памучни ткаенини. Во случајов се изработуваат памучни пелени кои се безбедни апсорбирачи кои можат да се постават директно врз кожата на вашето бебенце.

Подготовка за користење: Пелените кои се изработени од 100% памук  лесно ја впиваат влагата и кожата може да “дише”. Нема посебна подготовка на користење, само се пере и веднаш после првото перење може да се користи.

Начин на користење: Платките од памук може да ги ставите внатрешно односно во џебовите на пелените или пак надворешно врз џебот на пелената. Бидејќи е природен материјал, најдобро е да се комбинира со микрофибер платките за поголема апсорбција.

Памучни фланел пелени

Фланел пелената е памучна цврсто исткаена пелена, која има мекост и апсорбирачко дејство. Може да се користи за повеќе намени. Бидејќи има апсорбирачко дејство може да се користи како подлога која ќе биде поставена врз џебот во внатрешноста на еко пелената или пак може да го користите како ќебенце за покривање и сл.

Фланел марамици

Фланел марамиците се користат како замена за влажните марамици. Во еднократните влажни марамици има повеќе од 20 хемиски состојки, не се eco friendly и не се baby friendly. Затоа ние препорачуваме користење на меки и нежни памучни марамици кои се за повеќекратна употреба.

Можете да ги користите за бришење на бебешкото газе. Навлажнете ја марамицата со млака вода и пребришете. Кожата ќе биде мека, нежна и без црвенила.
Исто така, фланел марамиците имаат апсорбирачка моќ, па можете да ги ставате директно да кожата на бебенцето врз пелената.

Се перат заедно со апсорбирачите и пелените. Можат да се сушат на висока температура и можат да се пеглаат.

Гаќички за одвикнување од пелени

Карактеристики: Тие се водоотпорни гаќички кои се удобни и овозможуваат кожата да дише. Не предизвикуваат црвенило и осип, здрави се за вашето детенце и за животната средина. Лесно се одржуваат и се перат на температура до 40 степени со ариел или персил сензитив и калгон омекнувач.
Бидејќи внатрешниот слој е направен од бамбусови влакна, за поголема апсорбција пожелно е да се исперат и исушат 2 до 3 пати на рака. Не се користи омекнувач, белила и јаки детергенти.
Има три величини: мали (21x18cm), средни (26x20cm) и големи (29x22cm)

Бамбусови влошки за гради

Слоеви: три слоја
Материјал: внатрешен материјал – 100% бамбус, среднослоен материјал – микрофибер и надворешен слој водоотпорен PUL со TPU обвивка.
Боја: црвена, зелена, жолта, розова
Дијаметар: 10cm

Начин на употреба: Се поставува директно на кожата под градникот. Впива влажност до неколку часа во зависност од количината. Потоа се заменува со сува влошка, а влажната се пере. Препорачано е за мајки со корпа од А до Ц.

Начин на перење: Пред употреба да се исперат еднаш до два пати за да се обезбеди подобра апсорпција за влошките. Избегнувајте омекнувачи при перење бидејќи тие ќе ја попречат нивната апсорпција.

Биоразградлива лента/подлога

Биоразградливата лента е наменета специјално за еко пелените и го олеснува користењето на пелените. Тие се еколошки и биоразградливи апсорбирачи кои се поставуваат врз пелената во допир се со кожата и се доста пријатни за бебешката нежна кожа бидејќи се направени од природен материјал односно од пченкарен скроб.

Кога ќе се наполни пелената се задржува на хартијата и потоа само хартијата се фрла во ВЦ шолјата и не остава поголеми траги на материјалот во пелената. Идеална за родители кои не сакаат да дојдат во допир со полна пелена, бидејќи изметот се задржува на хартијата и потоа само се фрла, а пелената е чиста.

Имаат три основни функции:

  • Ја заштитуваат пелената односно не дозволуваат изметот да навлезе во пелената туку се задржува на површината, односно врз лентата. Немате никаков допир на изметот, туку ја фаќате за врвовите и целосно така ја фрлате во вц школката. Сосема е безбедна бидејќи е биоразградлива.
  • Второ, тие имаат функција на апсорбирачи и прават бариера меѓу внатрешниот дел на пелената и кожата на бебето.
  • Трето, во случај да морате да ставите некоја антибактериска крема на кожата на бебето или пак сакате почиста работа и пелени тогаш овие ленти се за вас.