Начин на користење

Еко Пелените се користат за повеќекратна употреба. Тие се лесни и едноставни за користење. Тие имаат заштитна водоотпорна обвивка, а внатрешниот дел содржи џеб во кој се вметнуваат парченца материјал.

Пелените можат да се перат и повторно да се употребуваат за целиот период додека бебето расте. Се перат на нормална температура до 40 степени и немаат потреба од вриење. Не треба да се користат омекнувачи на алишта ниту пак јаки детергенти и прашоци. Не се пеглаат.
Не се употребува масла и креми кои содржат петролеум, цинк и хемикалии бидејќи ќе го уништат квалитетот на природниот слој на пелената и ќе предизвикаат протекување на истата. Доколку дерматолошки морате да користите некоја крема со хемиски состав морате да ставите биоразградлива лента врз внатрешниот дел, каде што допира бебешката кожа на пелената. Доколку дојде до допир кремата со пелената може да ги уништи природните влакна на самиот материјал, да остави флека и да ја намали апсорбцијата.

За безбедна заштита, како за пелената така и за кожата на бебето, ние препорачуваме да користите нерафинираното кокосово масло. Или пак масло врз база на природни состојки, каде не е третирано по хемиски пат.
Еко пелените се многу едноставни за употреба, иако можеби ви изгледа како голема работа, но напротив. Тие со самата употреба и рутина сами по себе не одземаат време. Се перат на два дена, во зависност колку пелени имате и за неколку саати на собна температура се суви, а на сончева светлина за еден час тие се веќе спремни за употреба.

Еко Пелената има нитни кои се наоѓаат на надворешната страна на пелената. Има два реда, едниот ред служи за да го зацврсти долниот дел, а другиот ред на нитни служи да ја зацврсти половината, за да не дојде до протекување нагоре. Долните нитни служат за регулирање на големината на еко пелената. За бебе од 4 килограми, се користи најмалиот ред на нитни, па како што расте и развива бебето, така и пелената се прилагодува.

Во модулот Одржување ви е објаснет целиот процес на правилно одржување на Еко Пелените.

Можеби начинот на користење ви изгледа нејасно или пак комплицирано, но верувајте не е така воопшто. Тука сакаме сите можни информации да ви ги дадеме, за да немате грижа за ништо, освен за грижа за вашето малечко со тоа што ќе му обезбедите здрава средина и удобност.

Подготовка на пелените пред употреба

Апсорбирачот од бамбус, треба да се пере и суши два до три пати пред да се користи. Тој содржи природни масла кои ја намалуваат апсорпцијата, но со текот на перењето, тие се губат и многу повеќе можат да апсорбираат течност.
Спремете ги посебно природните од синтетичките материјали, за да избегнете природните масла да не навлезат во синтетичките. На пример, пред употреба перете ги памучните марамици и бамбус инсертите заедно, неколку пати пред употреба на најбрзата програма на вашата машина. Потоа, кога ќе почнете со употреба на еко пелените, ќе ги перете заедно со пелените и микрофибер инсертите.
Микрофиберот и обвивките на пелените се перат еднаш пред употреба со детергент или прашок за перење (Ариел или Персил сензитив), така што процесот на користење е многу полесен.

Наша мисија е да обезбедиме за Вас и вашите бебиња најквалитетни еколошки пелени достапни на пазарот.

Ние се стремиме да го третираме секој клиент како семејство и заедно да бидеме горди во градењето на нашата земја во поздраво и посреќно место, во која ќе израснеме и одгледаме здрави идни генерации.