Постапка на менување на Еко Пелена

Во ова видео, ви е претставен процесот на менување на пелена за повеќекратна употреба.
Првиот процес започнува со вадење на валканата пелена, бришење со памучна фланел марамица и менување на нова пелена.
Доколку сакате, можете да користите органско ладно цедено кокосово масло, како замена за крема.
Со помош на нитните, ја подесувате пелената во зависност од тежината на бебето.
Една пелена се користи од почетокот па се до одвикнување од пелени.

Начини на закопчување на пелената

Во ова видео, ви се представени два начини на закопчување на еко пелената.
Првиот начин е за новороденче до 5кг, а вториот начин е за бебе 5+ кг.
Доколку, имате отвори помеѓу ластиците, можете да ги закопчате пелените, како што на бебето би му одговарало.

Користење на Биоразградлива Лента

Биоразградливата лента е наменета специјално за еко пелените и го олеснува користењето на пелените. Тие се еколошки и биоразградливи апсорбирачи кои се поставуваат врз пелената во допир се со кожата и се доста пријатни за бебешката нежна кожа бидејќи се направени од природен материјал односно од пченкарен скроб.
Кога ќе се наполни пелената се задржува на хартијата и потоа само хартијата се фрла во ВЦ шолјата и не остава поголеми траги на материјалот во пелената. Идеална за родители кои не сакаат да дојдат во допир со полна пелена, бидејќи изметот се задржува на хартијата и потоа само се фрла, а пелената е чиста.

Имаат три основни функции:

Ја заштитуваат пелената односно не дозволуваат изметот да навлезе во пелената туку се задржува на површината, односно врз лентата. Немате никаков допир на изметот, туку ја фаќате за врвовите и целосно така ја фрлате во вц школката. Сосема е безбедна бидејќи е биоразградлива.
Второ, тие имаат функција на апсорбирачи и прават бариера меѓу внатрешниот дел на пелената и кожата на бебето.
Трето, во случај да морате да ставите некоја антибактериска крема на кожата на бебето или пак сакате почиста работа и пелени тогаш овие ленти се за вас.

Постапки на плакнење на Еко Пелената

Во ова кратко видео, ви ги представуваме двата начини на плакнење на пелената.
Првиот начин е кога бебето е само на мајчино млеко, а вториот начин е кога бебето се храни со адаптирано млеко или пак со дохрана.

Бидејќи мајчиното млеко е растворливо во вода, нема потреба каките од пелената да се плакнат, само се вади платката од пелената, и заедно се ставаат во водоотпорната торбичка.
Собирате неколку валкани пеленки, и потоа следува процесот на перење во машина.

Доколку вашето бебе се храни со дохрана или пак со адаптирано млеко, каките од пелената мораат пред перење да се исплакнат. Се плакнат на начинот поставен во видеото, или пак на начин како на вам што ви одговара.